Тинејџер од Бристол ослепел откако со години јадел само чипс и грицки. Испитувањата покажале дека во неговиот организам има недостаток на повеќе витамини и ошетувања од лоша исхрана. По завршувањето на основното училиште, тој јадел само помфрит, чипс и бел леб, а повремено и шунка и колбаси.
Кога имал 14 години, момчето се пожалило кај својот матичен лекар дека не се чувствува добро и дека е често уморен. Во тој период, му била одредена дијагноза дека има недостаток од витамин Б12 и му дал додатоци за во исхрана. Но момчето не се придружувало до препораката ниту пак го подобрил неговиот начин на исхрана.
Три години подоцна, Британецот бил однесен во Очната болница во Бристол поради прогресивно губење на видот, објавија стручни медицински списанија.
„Неговиот оброк се состоел од порција чипс од локалот во близина, секој ден. Често јадел и ‘принглс’, и понекогаш парчиња бел леб и повремено шунка. Вооошто не јадел овошје и зелечук. Тој ни рече дека имал одбивност кон некои видови храна и не можел да ги поднесува. Грицките биле единствениот вид на храна која навистина ја сакал и само тоа можел да јаде“, изјави д-р Дениз Атан кој го лекувала во болницата.
Атан и колегите уште еднаш ги провериле нивоата на витамини кај момчето и откриле дека има ниско ниво на Б12, како и на некои други важни витамини и минерали – бакар, селен и витамин Д. Тој немал прекумерна тежина, но бил лошо исхранет, а докторите рекле дека тој ги изгубил минералите од коските и дека тоа е вознемирувачко за момче на негова возраст. Тие му препишале додатоци и го ставиле на специјален режим, а со него работи и тим специјалисти за ментално здравје.
„Тој гледа точки на средината од неговиот вид. Ова значи дека не смее да вози, и ќе му биде навистина тешко да чита, да гледа телевизија или пак да препознава лица, но ќе може сам да се движи“, рече докторката.
Нутритивна оптичка невропатија е неговата дијагноза, вели таа. Може да се лекува ако се открие рано. Доколку се задоцни, нервните влакна во оптичкиот нерв умираат и штетата станува трајна.
Атан вели дека вакави случаи се ретки, но додава дека родителите треба да бидат свесни за потенцијалната штета од лоша исхрана и да се консултраат со медицински лица.