ТОМ МУР, 100-ГОДИШНИКОТ КОЈ ЛАНИ СОБРА 33 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА БРИТАНСКАТА ЗДРАВСТВЕНА СЛУЖБА, ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    ТОМ МУР, 100-ГОДИШНИКОТ КОЈ ЛАНИ СОБРА 33 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА БРИТАНСКАТА ЗДРАВСТВЕНА СЛУЖБА, ПОЧИНА ОД КОВИД-19Мур ги освои симпатиите на целата Велика Британија со својата хуманитарна акција (Фото: Гети)

    Том Мур, 100-годишниот воен ветеран кој лани собра речиси 33 милиони фунти за британските здравствени работници, почина откако имаше позитивен тест за коронавирус. Тој беше примен во болница во неделата поради проблеми со дишењето, а изминатите недели се лекуваше од пневмонија, поради што не можеше да прими вакцина против ковид-19, изјави неговата ќерка Хана Инграм-Мур.

    Мур ги освои симпатиите на целата Велика Британија кога минатата година почна хуманитарна акција за Британската здравствена служба, така што планираше да изоди 100 кругови во својата градина до 100. роденден. Целта му беше да собере само 1.000 фунти, но крајниот износ беше речиси 33 милиони.

    Набргу потоа, кралицата Елизабета Втора вонредно му ја додели витешката титула сер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира