Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп им забрани на функционерите од најважната јавна здравствена организација да користат седум зборови и фрази, вклучувајќи „фетус“ и „трансродов“, во официјалните документи што се подготовуваат за буџетот за следната година.
На аналитичарите од Центарот за контрола и превенција на болести (Си-Ди-Си) во Атланта им било кажано за листата со забранети зборови фрази на состанок во четвртокот со функционерите од „Си-Ди-Си“ задолжени за буџетот, откри еден аналитичар, присутен на 90-минутниот состанок. Забранети се уште термините: „ранлив“, „право“, „различности“, „базирано на докази“ и „базирано на наука“.
За некои од нив, аналитичарите добиле алтернативни фрази. Место „базирано на наука“ или „базирано на докази“, предложена фраза е „’Си-Ди-Си‘ ги базира своите препораки на наука или земајќи ги предвид општоприфатените стандарди и желби“. Во другите случаи, не биле понудени заменски зборови.
Портпаролот на Министерството за здравство, под чија надлежност е „Си-Ди-Си“, кажа дека ќе продолжат да ги користат најдобрите научни докази што ги имаат на располагање за да го подобрат здравјето на сите Американци.