Вештачката интелигенција не претставува голема опасност, иако носи извесни ризици, вели германскиот футуролог Хорст Опашовски.
„Вештачката интелигенција никогаш нема да ги замени луѓето, во најдобар случај може само да биде бледа копија“, вели германскиот научник.
Неодамнешните предупредувања околу растот на вештачката интелигенција велат дека оваа технологија може да предизвика масовни отпуштања од работа или уште полошо, може да стане попаметна од луѓето, како што кажа „кумот“ на вештачката интелигенција Џефри Хатон, кој неодамна си замина од Гугл.
Многу лидери од ИТ индустријата се потпишаа на отворено писмо со кое повикаа на шестмесечна пауза во развојот на вештачката интелигенција бидејќи е можно да се развијат нечовечки умови кои евентуално ќе нè заменат и да дојде до крај на нашата цивилизација.
Сепак, Опашовски, кој раководи со Институтот за истражување на иднината во Хамбург, вели дека генерално останува оптимист.
„Веројатно многу работи во општеството ќе променат на подобро или на полошо. Затоа, мораме да најдеме одговори на прашањата дали овие промени се морално добри, дали се социјално праведни и дали тие го прават животот подобар и вреден да се живее“, вели 82-годишниот Опашовски.