Група ловџии од ловното друштво „Церн Камен” од Вевчани спасија мечка која беше фатена во замка. Животното беше заплеткано во жичана сајла во шумата над селото и ако не ја пронајдеа, најверојатно ќе угинеше.
“Мечката ќе умреше од глад, за неа најголема опасност е човекот кој ја лови за крзното, а има и други предатори во шумата, иако таа е најголемо животно на овие простори. Меѓутоа, кога е врзана таа е немоќна да се одбрани”, вели искусен ловџија од Вевчани.
Во ослободувањето на заробеното животно учествуваа и жители од селото Подгорци.
Пред неколку месеци ловџиите од “Церн Камен” спасија уште една мечка на Јабланица. Тие тогаш за да ја ослободат мечката мораа да употребат багер.
.