Виенските балови стануваат многу попопуларни кај младите во Виена. Денес, тинејџерите учат да играат валцер гледајќи видеа на Јутјуб, па потоа во танцови школи и се пријавуваат за учество на еден од многуте балови. Повеќе од 450 балови се одржуваат годишно во Виена, почнувајќи од ноември до март.
Оваа година, многу балови ја одбележаа 200-годишнината од раѓањето на виенскиот композитор и виолинист Јохан Штраус II, познат како „кралот на валцерот“.
Баловите станаа дел од виенската култура, комбинирајќи ја историјата со гламур. Просечниот билет чини 395 евра, а некои настани ги намалија нивните цени на 40 евра за да привлечат поширока публика. За да учествуваат на церемонијата на отворање, танчaрите мора прво да се квалификуваат преку строг режим. Потоа посетуваат повеќе часови во училиште за танц и добиваат сертификат за завршен курс.
Аристократите на хабсбуршкиот кралски двор кои танцуваа на првиот од познатите виенски балови во 18 век, никогаш не можеа да замислат како ќе се развива белегот на социјалната и културната сцена на австриската престолнина.

Церемониите на отворање може да траат два до три часа, со оперски изведби, говори и традиционалниот танц на дебитантите. (Фото: АП)
Церемониите на отворање може да траат два до три часа, со оперски изведби, говори и традиционалниот танц на дебитантите. Додека валцерот, квадрилот и другите традиционални танци се срцето на виенските балови, современите настани сега нудат разновидна музика. Повеќето места имаат повеќе сали каде што гостите можат да танцуваат и на диско музика.
Кодексот на облекување, сепак остана со строги правила. Господата се обврзани да носат фрак или смокинг, а дамите мора да носат вечерни тоалети. Многу присутни ја изнајмуваат својата облека од „Ламберт Хофер“, позната работилница за костими основана во 1862 година, која издава стотици наметки секоја година.
За многу Австријци, балот не завршува на подиумот, туку на улица на еден од познатите штандови за колбаси во Виена. Младите таму продолжуваат да танцуваат во ритамот на валцерот.