Вип воведува нов концепт со реновирање на своите продажни салони, следејќи ги модерните трендови, соопшти телекомуникациската компанија. Први такви продавници на Вип се оние во Сити мол и во Веро Џамбо во Скопје и корисниците веќе имаа можност да се запознаат со понудите на Вип преку поставените новогодишни продажни штандови пред самите продавници во трговските центри.
Тука корисниците можат да ги платат своите сметки, да ги погледнат најновите понуди на телефони како и да склучат нов договор за новата промоција во постпејд тарифата Вип Мобајл Л, со која што добиваат зголемен 4Г интернет од 10гб засекогаш, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и да ја започнат новата година со нов смарт телефон.
Сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат телефонот Самсунг галакси Ј со месечна рата од 239 денари или Моторола мото Ц 4Г за 1 денар како и уште многу други смартфони.
Корисниците на Вип Комбо, покрај можноста да ги комбинираат своите услуги и да заштедат, добиваат и празничен подарок – полнач за телефон, слушалки или вифи рутер. Дополнително сите Вип Комбо корисници кои ќе склучат нов договор на 24 месеци добиваат можност да набават смарт телевизори по намалена цена, почнувајќи од 499 денари месечно.