ВО АНГЛИЈА ПРОНАЈДЕН ЦЕЛОСНО ЗАЧУВАН ДВА МЕТРА ДОЛГ ЧЕРЕП НА ПРАИСТОРИСКО МОРСКО ЧУДОВИШТЕ

    ВО АНГЛИЈА ПРОНАЈДЕН ЦЕЛОСНО ЗАЧУВАН ДВА МЕТРА ДОЛГ ЧЕРЕП НА ПРАИСТОРИСКО МОРСКО ЧУДОВИШТЕЧерепот ќе биде претставен во специјална новогодишна програма на Дејвид Атенборо на Би-Би-Си

    Череп на огромно праисториско чудовиште е извлечен од карпите на Јурскиот Брег во Дорсет, Англија. Му припаѓал на плиосаурус, жесток морски рептил кој ги тероризирал океаните пред 150 милиони години.

    Два метра долгиот фосил е еден од најкомплетните примероци од тој вид досега пронајдени и дава нов увид во овој древен предатор. Черепот ќе биде претставен во специјална новогодишна програма на Дејвид Атенборо на Би-Би-Си.

    Не постои ништо на светот налик на ова. Она што фосилот го прави уникатен е неговата комплетност. Долната вилица и горниот череп се споени, како што би било во животот. Во целиот свет речиси да нема примероци што биле пронајдени со тоа ниво на детали. Иако некои се малку искривени, овдека ги има сите коски“, изјави палеонтологот Стив Ечис.

    Черепот е поголем од висината на најголемиот број луѓе, што дава претстава за севкупната големина на животното и содржи дури 130 заби.

    Долги и остри како жилети, тие можеле да убијат со едно гризнување“, додаде Ечис.

    Со должината меѓу 10 и 12 метри, плиосауруси биле ултимативни машини за убивање во океаните.

    Тие биле како подводни тираносауруси“, заклучи Ечис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира