ВО КАНАЛОТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ УЛОВЕН Е ЗЛАТЕН КАРАС

    ВО КАНАЛОТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ УЛОВЕН Е ЗЛАТЕН КАРАСУловениот златен карас е неавтохтон вид за Охридското Езеро и може да направи хаос во живиот свет во него.

    Во каналот Билјанини Извори во Охрид попладнево уловен е златен карас, риба која е неавтохтона за Охридското Езеро и која може да направи хаос во живиот свет во него. Златниот карас го уловил спортски риболовец на јадица.

    „Се изненадив кога видов дека на јадицата се закачи чудна риба. Не бев свесен за кој вид станува збор. Потоа рибарите со искуство ми рекоа дека тоа е златен карас“, кажа рибарот што ја улови оваа риба.

    Минатата година во Охридското Езеро нуркачот Никола Паскали фотографира јапонски крап, неавтохтона риба за која се смета дека била пуштена од аквариум.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира