ВО НОТР ДАМ ЌЕ ИМА БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ ПРВПАТ ПОСЛЕ ПОЖАРОТ ВО 2019

    ВО НОТР ДАМ ЌЕ ИМА БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ ПРВПАТ ПОСЛЕ ПОЖАРОТ ВО 2019Властите планираат реставрираната катедрала да биде готова до 2024, на време за Летните олимписки игри во Париз. (Фото: АФП)

    За првпат после пожарот пред година и пол, хор ќе пее во славната париска катедрала Нотр Дам, и тоа токму ноќта спроти католички Божиќ.  Еден од симболите на Париз, стар повеќе од 850 години, остана без покривот и една од кулите во катастрофалниот пожар во април 2019.

    „Нотр Дам е речиси наш дом. Многу сме возбудени што после година и половина ќе влеземе во катедралата. Најпосле, Хорот настапува во неа над осум века“, вели диригентот на Хорот на Нотр Дам, Анри Шале.

    Дваесет хористи, двајца солисти и органист ќе настапат на концертот на 24 декември, кој ќе се одржи без публика  и ќе биде пренесеуван во живо на телевизиите. Главните оргули во катедралата се на реставрација, па затоа за потребите на Божиќниот концерт ќе се изнајмат помали оргули.

    По пожарот, ова е трет настан во катедралата, откако годинава се одржаа миса само со 30 луѓе и една вечер со музика и читање поезија. Плановите на властите се реставрираната катедрала да биде готова до 2024, на време за Летните олимписки игри во Париз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира