ВО РОМАНИЈА ОТВОРЕНА НАЈГОЛЕМАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА НА СВЕТОТ, ИЗГРАДБАТА ЧИНЕЛА 270 МИЛИОНИ ЕВРА

    ВО РОМАНИЈА ОТВОРЕНА НАЈГОЛЕМАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА НА СВЕТОТ, ИЗГРАДБАТА ЧИНЕЛА 270 МИЛИОНИ ЕВРАЦрквата е висока 127 метри и може да прими 5.000 луѓе во својата внатрешност (Фото: Фејсбук)

    Стотици илјади Романци од земјата и странство ја посетуваат новата национална катедрала во Букурешт, која стана најголемата православна црква на светот. Таа конечно беше отворена пред две недели по 15 години изградба.

    Црквата е висока 127 метри и може да прими 5.000 луѓе во својата внатрешност, како и десетици илјади луѓе на околниот простор.

    Новата црква сега е седиште на Романската православна црква, кое досега беше во помала патријархална црква, изградена во средината на 17. век во она што денес е центарот на Букурешт.

    Планови за национална катедрала имало уште пред повеќе од еден век, откако Романија се здоби со независност, но постојано биле одложувани, како поради двете светски војни, така и поради секуларното комунистичко раководство и проблематичната транзиција пред приемот во Европска Унија.

    Свештеникот Адријан Агачи, портпаролот на Романската патријаршија, вели дека 40.000 верници ја посетуваат црквата секој ден.

    Сместена зад зградата на парламентот, која беше изградена во комунизмот со уривање или преместување на домови и цркви, катедралата досега чинеше околу 270 милиони евра, главно од јавни средства, што беше предмет на критики.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира