ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗВУКОТ НА СТРАДИВАРИУС ВИОЛИНИТЕ, ЦЕЛА КРЕМОНА Е ВО ТИШИНА

    ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗВУКОТ НА СТРАДИВАРИУС ВИОЛИНИТЕ, ЦЕЛА КРЕМОНА Е ВО ТИШИНАТројца инженери на звук и четворица музичари работат на „Банка на звук страдивариус“, датабаза која ќе ги собере сите можни тонови што може да ги произведат четири инструменти избрани од колекцијата на Музејот на виолината (Фото: „Њујорк тајмс“ )

    Жителите на италијанскиот град Кремона периодов се особено внимателни да не прават врева. Полицијата ги затвори улиците во центарот и сообраќајот е пренасочен. Градоначалникот Џанлука Галимберти ги замоли жителите да избегнуваат какви било ненадејни и непотребни звуци.

    Кремона е дом на работилниците на некои од светски најдобрите изработувачи на инструменти, меѓу кои и Антонио Страдивари, кој во 17. и 18. век ги изработил некои од најдобриоте виолини и виолончела на сите времиња. Градот започна амбициозен проект, дигитално да ги сними сите звуци на инструментите страдивариус за потомците, како и од другите двајца мајстори за виолини од Кремона, Амати и Гварнери дел Гесу. А тоа значи дека е потребна целосна тишина.

    Во Музејот на виолината во Кремона има инструменти од Страдивари и од Амати и Гварнери дел Гесу (Фото: „Њујорк тајмс“ )

    Страдивариус виолина, виола или виолончело го претставува врвот на дизајнот на звук, и никој досега не успеал да ги направи истите тонови.

    Тројца инженери на звук работат на „Банка на звук страдивариус“, датабаза која ќе ги собере сите можни тонови што може да ги произведат четири инструменти избрани од колекцијата на Музејот на виолината.

    Во текот на јануари, четворица музичари свират на две виолини, виола и виолончело и поминуваат низ илјадници скали и арпеџати, користејќи различни техники. Триесет и два микрофони се поставени во салата на Музејот. За да ги зачуваат звуците на инструментите, музичарите мора да ги отсвират сите ноти и да ги снимат во различни комбинации, користејќи различни техники.

    „Ова ќе биде физички и психички предизвик за нив“, вели Томас Коритке, инженер на звук од Хамбург, Германија, кој го води проектот.

    „На овој начин ќе им овозможиме на моите внуци да слушнат како звучи тон од стадивариус. Ние ги правиме бесмртни некои од најдобрите инструменти некогаш направени“, вели Леонардо Тедески, поранешен диџеј, чија е идјета за проектот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира