ЗА ОСУМ ГОДИНИ УСПЕАВМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 0,7% КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ОСНОВАЧОТ НА „БРЕИНСТЕР“, ПЕТАР НИНОВСКИ

    ЗА ОСУМ ГОДИНИ УСПЕАВМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 0,7% КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ОСНОВАЧОТ НА „БРЕИНСТЕР“, ПЕТАР НИНОВСКИНие во „Бреинстер“ секогаш гледаме напред, предвидувајќи ги потребите на пазарот и поставуваме трендови, вели основачот Петар Ниновски. (Фото: Бреинстер)

    Едукативно-технолошката организација „Бреинстер“ (Brainster)* за осум години успеа од стартап да влезе во друштвото на најдобрите 0,7% компании во Македонија. Со раст од речиси 100% во последните две години, „Бреинстер“ цврсто се позиционираше како лидер на пазарот кога се во прашање образовните организации.
    „Она што го издвојува ‘Бреинстер‘ од конкуренцијата се иновативните програми и постојаниот стремеж за подобрување, што е препознато и од студентите и од партнерите кои ја вреднуваат автентичноста“, вели основачот Петар Ниновски.

    Спротивно на тоа, како што вели Ниновски, се забележува дека голем дел од конкуренцијата има тенденција да биде во дефанзива, често имитирајќи ги најдобрите практики и стандарди што ги воспоставува „Бреинстер“.

    „Ние во ‘Бреинстер‘ секогаш гледаме напред, предвидувајќи ги потребите на пазарот и поставуваме трендови место само да ги следиме. Токму овој напреден пристап е тоа што навистина нè издвојува и го обезбедува нашето континуирано лидерство во индустријата. ‘Бреинстер‘ се разликува од другите и со уникатниот спој на формално и неформално образование, тимот ‘Партнерства‘ кој на студентите од академиите и факултетот им обезбедува учење преку работа на реални проекти и поддршка при вработување во домашни и интернационални компании и секторот ‘Student Success‘ кој се грижи за прогресот и уникатниот тим за иновации. ‘Бреинстер‘ е предводник и со тоа што нашите академии се единствените кои се сертифицирани од акредитирана високообразовна институција ‘Бреинстер Некст колеџ‘“, вели Ниновски.

    Низ иновативните образовни програми на оваа организација поминале повеќе од 11.500 студенти (Фото: Бреинстер)

    Ваквиот пристап во работата на ‘Бреинстер‘ му донесе и успешни резултати. ‘Бреинстер‘ е број еден образовен центар во Македонија за 2021, 2022 и 2023 година, според искуството на студентите. Досега низ иновативните образовни програми на оваа организација поминале повеќе од 11.500 студенти, кои успеаја да се здобијат со вештини за најбараните професии на 21. век. „Бреинстер“ има големи успеси и во делот на вработувањето на своите студенти. Само во изминатите две и пол години има 734 вработени алумни.
    Eдно од позначајните и понови достигнувања на „Бреинстер“ е акредитацијата на втората студиска програма на првиот практичен ИТ-факултет „Бреинстер Некст колеџ“ за UX/UI и графички дизајн, која заедно со студиската програма за софтверско инженерство и иновации носат новина во формалното образование. За факултетот, „Бреинстер“ ја нуди и уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“.
    Од оваа година стартува и Академијата за лидерство и менаџмент, за која нуди стипендии и финансиска поддршка за поттикнување на учеството на младите и на жените во ИТ-индустријата.

    Успешната приказна се дополнува со проширувањето на „Бреинстер“ во Албанија, каде што првично ја нуди Академијата за Front-End програмирање.

    „Индикатори како задоволството и успехот на студентите, бројот на вработени студенти, репутацијата на ‘Бреинстер‘ и ‘Бреинстер Некст колеџот‘ и квалитетот на програмите и инструкторите ги мериме редовно и постојано ги подобруваме. Како нус-производ на многу години фокусирано работење на најважните индикатори, влегуваме во друштвото на најдобрите 0,7% компании во Македонија. Горди сме на нашиот напредок во изминатите години, остануваме посветени на континуирано подобрување со една мисла на ум – како да им обезбедиме уште поголема вредност на нашите студенти“, кажа Ниновски.

     

     

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира