ЗЕЛЕНА КОМЕТА УТРЕВЕЧЕР ЌЕ ДОЈДЕ НАЈБЛИСКУ ДО ЗЕМЈАТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50.000 ГОДИНИ

    ЗЕЛЕНА КОМЕТА УТРЕВЕЧЕР ЌЕ ДОЈДЕ НАЈБЛИСКУ ДО ЗЕМЈАТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50.000 ГОДИНИСе проценува дека има дијаметар од еден километар (Фото: Твитер)

    Зелена комета наречена Ц/2022 Е3 утревечер ќе дојде најблиску до Земјата уште од ледената доба. Таа ќе биде на оддалеченост од 42 милиони километри, што е една третина од растојанието меѓу Земјата и Сонцето.

    Зелената комета, која последен пат поминала низ нашиот Сончев систем пред 50.000 години, ќе биде најсветла во тој момент и ако условите бидат добри, ќе може да се види и со голо око. 

    Ц/2022 Е3 се одликува со зеленикава нијанса, иако тоа можеби нема да може да се забележи со голо око. Зелениот сјај се должи на молекула наречена диатомски јаглерод. Веруваме дека е дојдена од колекција на ледени тела кои постојат во најоддалечениот дел на Сончевиот систем“, изјави Никола Бивер, астрофизичар од Париската опсерваторија.

    Кометата првпат била забележана кога поминувала покрај Јупитер во март минатата година. Се проценува дека има дијаметар од еден километар, со што е значително помала од Неовајс, последната комета која беше видлива со голо око, која помина покрај Земјата во март 2020.

    Но, оваа комета ќе дојде поблиску до Земјата, па затоа ќе биде видлива, иако не е многу голема“, кажа Бивер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира