Островот Света Елена го слави роденденот на најсторото животно на земјата, џиновската сејшелска желка Џонатан, кој полни 190 години.
Желката живее во куќата на гувернерот на Островот, и во чест на роденденот, куќата ќе биде отворена за посетители. Исто така, властите на островот, кој е британска територија, издадоа неколку поштенски марки.
Иако нема вистински доказ за неговото раѓање, се верува дека Џонатан е роден околу 1832. Бил донесен од Сејшелите во 1882, како подарок за сер Вилијам Греј Вилсон, кој подоцна станал гувернер.