ЖИВКО МУКАЕТОВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА АМЕРИКАНСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА

    ЖИВКО МУКАЕТОВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА АМЕРИКАНСКАТА СТОПАНСКА КОМОРАМукаетов и уште тројца македонски бизнисмени се избрани за членови на годинашното генерално собрание на AmCham

    Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора (AmCham), која претставува платформа за вмрежување, размена на искуства, споделување на најдобрите деловни практики и за застапување на интересите на нејзините членки.

    Алкалоид“ е член на Американската стопанска комора од 2000 и еден од нејзините патрони од 2013. Компанијата активно учествувала во многу комитети и работни групи на AmCham и заедно со неа има поддржано и учествувано на многу значајни настани во земјава,

    За мене членството во Одборот на директори на AmCham претставува нова можност да придонесам за иницирање и промовирање позитивни промени во непосредното деловно опкружување, но и за да поттикнам подобрување на деловната клима и унапредување на условите за одржлив развој“, истакна Мукаетов.

    Во Одборот на директори на AmCham на годишното собрание се избрани и Иван Костиќ, генерален директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“, Александра Ивановска, генерална директорка на „Рош Македонија“ и Душан Митрев, генерален директор на „Пивара Скопје“.

    Мрежата на „AmCham“ низ Европа брои 46 подружници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира