15 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА ЗА 39 МАЛИ И СРЕДНИ ФИРМИ

    15 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА ЗА 39 МАЛИ И СРЕДНИ ФИРМИСо првата транша ќе се поддржат инвестиции на 39 мали и средни фирми - Министерот за финансии Драган Тевдовски (Фото: СДК.МК)

    Бордот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја одобри првата транша од 15 милиони евра за мали и средни претпријатија од кредитната линија од 100 милиони евра, соопшти Министерството за финансии.

    „Ова се првите средства од целосната кредитна линија за мали и средни претпријатија во износ од 100 милиони евра. Бордот ја има одобрено траншата од 15 милиони евра и истата треба да се повлече следната недела. Со ова ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со потпретседателот на ЕИБ Ендру Мекдовел, на пролетните средби со Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои се оддржуваат во Вашингтон.

    Проектите што се поддржуваат со првата транша од кредитната линија, според Министерството за финансии, се долгорочни инвестиции, а најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства.

    Од Министерството велат дека Тевдовски со претсавниците на ЕИБ зборувал и за финансирање на третатата делница на пругата на Коридор 8, односно до границата со Бугарија.

    „Се зборуваше и за нови 50 милиони евра за проектот за изградба на водоводи и канализација. Особено е значајна поддршката која ЕИБ ќе ја даде во енергетскиот сектор во земјава, односно гасно поврзување со Грција“, вели Тевдовски.

    Министерот очекува ЕИБ, заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) да учествуваат во финансирање на пречистителната станица во Скопје.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира