18-ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА НА „НАРОДЕН ФРОНТ“ ПОБЕГНАЛ ОД ДРЖАВАТА СО ТАТКО МУ, УАПСЕНИ ДВАЈЦА КОИ ИМ ПОМОГНАЛЕ ДА ИЗБЕГААТ

    18-ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА НА „НАРОДЕН ФРОНТ“ ПОБЕГНАЛ ОД ДРЖАВАТА СО ТАТКО МУ, УАПСЕНИ ДВАЈЦА КОИ ИМ ПОМОГНАЛЕ ДА ИЗБЕГААТНесреќата се случи вчера околу 11:30 часот, кога патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот С.С., удрило во пешакот Љ.Ј. (79) од Скопје. (Фото: МВР)

    СВР Скопје поднесе кривични пријави против четири лица во врска со вчерашната трагична сообраќајна несреќа на улицата „Народен фронт“ во Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена, а возачот побегна од местото на настанот и ја напушти државата, соопшти МВР.

    Несреќата се случи вчера околу 11:30 часот, кога патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот С.С. од Скопје, удрило во пешакот Љ.Ј. (79) од Скопје. Жената починала од здобиените повреди, а возачот веднаш избегал.

    Полицијата успеала да го идентификува возилото и возачот преку камерите на системот „Безбеден град“, снимки од околните објекти и изјави на сведоци. Утврдено е дека возилото е сопственост на Б.С. (45), татко на возачот. Автомобилот бил пронајден пред нивниот дом, каде бил затекнат и приведен 69-годишниот С.С. (дедо на возачот), со кого е извршен службен разговор.

    Истрагата покажала дека младиот возач С.С. (18) и неговиот татко Б.С. (45), со помош на две лица, Ш.П. (45) и А.Ј. (53), успеале да ја напуштат државата во текот на вчерашниот ден. Ш.П. и А.Ј. се веќе лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за Помагање на сторител во извршено кривично дело. Против 18-годишниот возач е поднесена пријава за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

    „За возачот и неговиот татко е распишана потерница и се преземаат интензивни мерки за нивно пронаоѓање“, соопштија од полицијата.

    Во полициската станица се одземени две возила: „пасатот“ со кој била прегазена жената и возилото „мерцедес“ со кое осомничените ја напуштиле државата. За случајот е известен јавен обвинител, а постапката продолжува до целосно расчистување, велат од МВР.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира