21-ГОДИШНИК ОД ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЗА 68-ГОДИШНИОТ ИВАН ОД КОЧАНИ ЗА ПРВАТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ОД НЕСРОДЕН ДОНОР НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА

    21-ГОДИШНИК ОД ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЗА 68-ГОДИШНИОТ ИВАН ОД КОЧАНИ ЗА ПРВАТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ОД НЕСРОДЕН ДОНОР НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈАОд Клиниката за хематологија велат дека пациентот Иван од Кочани е највозрасниот пациент со акутна леукемија кој е лекуван со ваков современ тераписки пристап на клиниката.(Фото: Фејсбук страна на Клиника за хематологија)

    На Клиниката за хематологија за првпат лекарите извршија трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај 68-годишен пациент со дијагноза акутна миелобластна леукемија. Донорот има 21 година и е од Германија, соопшти Министерството за здравство .

    Од Клиниката велат дека пациентот Иван од Кочани е највозрасниот пациент со акутна леукемија кој е лекуван со ваков современ тераписки пристап на клиниката.

    „Применето е немиелоаблативно кондиционирање со хемотерапија пред интервенцијата, адаптирано на возраста на болниот и неговите коморбидитети. Му посакуваме успешен исход од лекувањето и упатуваме благодарност до несродниот хуман донор од Германија, кој на возраст од 21 година одлучи несебично да донира матични клетки и да спаси човечки живот. Воедно, тимот од Универзитетската клиника за хематологија и македонскиот регистер на доброволни донори со континуирана поддршка од Министерството за здравство и во овие сериозни времиња на пандемија овозможија непрекинато одвивање на овие интервенции со клеточен материјал, кој се транспортира од странски донорски регистри“, вели директорката на Клиниката д-р Ирина Пановска-Ставридис.

    Д-р Пановска-Ставридис додава дека тече кампањата „Биди срцевина, биди херој“, и аплерира „граѓаните да ја покажат својата хуманост и солидарност со зачленување во регистарот, со што ќе станат потенцијални дарители на коскена срцевина“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира