27 ГОДИНИ ПО ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО, ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ГИ СМЕНИ ИМЕТО И ГРБОТ НА ДРЖАВАТА

    27 ГОДИНИ ПО ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО, ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ГИ СМЕНИ ИМЕТО И ГРБОТ НА ДРЖАВАТАСтарата табла со СР Македонија на влезната капија во затворот „Идризово“, вчера во попладневните часови беше заменета со нова, со важечкиот државен грб и со име Република Македонија. (Фото: СДК. МК)

    По 27 години самостојност на Македонија, од влезната капија на затворот „Идризово“ вчера беше тргната таблата на која државата ја пишуваше Социјалистичка Република Македонија. Над СР Македонија стоеше и државниот грб со петокрака, кој не важи повеќе од 25 години.

    На новата табла од денеска пишува: Република Македонија, Казнено-поправна установа „Идризово“, а најгоре е валидниот државен грб. Таблата со заштитна фолија, според новиот директор Антонио Димов, чини околу 7.000 денари.

    Во најголемиот затвор веќе нема толкава пренатрупаност, поради која Македонија беше посочена како држава која врши тортура, измачување и нехумано постапување со осудените лица. Од околу 1.750 затвореници во овој затвор со капацитет за 900 лица, во моментов има околу 1.260. неодамна со амнестијата затворот го напуштија 460 осудени лица што исполнуваа услов и кои имаа стаж да им се прекине 30 отсто од казната.

    Димов е 14. директор на затворот „Идризово“ од 1991 година наваму. На прашање зошто оваа институција до денеска била под СР Македонија, тој вели дека ниту еден од директорите кои се менуваа со смената на секоја власт, „не ја земал предвид значајноста на суверeнитетот на независна Република Македонија и нејзиното раскрстување со СРМ“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира