27-ГОДИШНИК ОД ЛИПКОВО ПОЧИНА ОД КОМПЛИКАЦИИ ОД КОВИД-19

    27-ГОДИШНИК ОД ЛИПКОВО ПОЧИНА ОД КОМПЛИКАЦИИ ОД КОВИД-19Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина. - Инфективната клиника во Скопје (Фото: СДК.МК)

    27-годишен пациент од Липково починал утринава на Клиниката за инфективни болести во Скопје од компликации од ковид-19. Од Центарот за јавно здравје во Куманово, велат дека денеска се известени за еден починат пациент од Липково и во тек е пронаоѓање на контактите на веќе починатиот, кој претходно бил хоспитализиран на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, а со тешка клиничка слика препратен на Клиника за инфективни и фебрилни состојби Скопје.

    Момчето било донесено во Кумановската болница откако шест дена се лекувало дома, а четири дена бил под надзор на матичен лекар. Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина.

    „Денес изгубив вистински пријател, додека Липково загуби еден од нејзините најдобри синови, Ријад Мамутин 27 години“, објави на Фејсбук потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира