30 ДЕНА ПРИТВОР И ЗА БОРИС ДАМОВСКИ И ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ

    30 ДЕНА ПРИТВОР И ЗА БОРИС ДАМОВСКИ И ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ

    Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им одреди мерка притвор од 30 дена на Борис Дамовски и Владо Јовановски, осомничени за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. Судија на претходна постапка првично одреди куќен притвор на двајцата.

    „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што е уважен предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и на осомничените Б.Д. и В.Ј. им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението од судот.

    Во истражниот затвор во Шутка од претходно се другите двајца водачи на „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски и Богдан Илиевски Бетмен.

    Вкупно осомничени за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се 36 лица, од кои шестмина уште се недостапни за полицијата. Претходно, денеска Собранието го прифати барањето за одобрување притвор на шестмина пратеници за истото дело. Станува збор за  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира