30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ЈАХИ ЈАХИЈА, ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ПРИ ТЕНДЕР

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ЈАХИ ЈАХИЈА, ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ПРИ ТЕНДЕРПолицијата утринава изврши претрес во Министерството за информатичко општество и администрација. - Полиција утринава пред седиштето на министерството во зградата на поранешнатата НИП Нова Македонија во Скопје (Фото: К. Попов)

    На Јахи Јахија, државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, му е одредена мерка притвор од 30 дена на барање на Обвинителството за организиран криминал, потврдија од Кривичниот суд за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Јахија и негов колега, поранешен раководител, се осомничени за земање мито од околу 50 илјади евра за оддавање доверливи податоци на италијанска фирма за да победи на милионски тендер.

    Второосомничениот во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава, рекоа претходно од Обвинителството.

    Јахија беше уапсен рано утринава во неговиот дом во Куманово и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму. Потоа полицијата изврши претрес и во Министерството за информатичко општество и администрација.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари