30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЈАНАКИЕСКИ И УШТЕ СЕДУММИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА НЕЗАКОНСКА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЈАНАКИЕСКИ И УШТЕ СЕДУММИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА НЕЗАКОНСКА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕНа ексминистерот Миле Јанакиески му е определен притвор поради опасност од влијание. - Миле Јанакиески пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Судија на претходна постапка им определи 30 дена притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и на уште седуммина осомничени, кои утринава беа уапсени за незаконска продажба на државно земјиште. Останатите двајца осомничени добија мерки на претпазливост.

    „Постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор на лицата: М.Ј., А.Ј., Е.Р., М.Ј., Д.Д., В.С., Д.М., и Л.С. На лицата Б.Д. и С.К. им определи мерки на претпазливост. За М.Ј. и Е.Р. се исполнети условите од точка 1 и 2 опасност од влијание, а за останатите осомничени, сите 3 точки“, соопштија од Кривичниот суд.

    Според истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, ексминистерот Јанакиески им продал по багателни цени на бизнисмени државно земјиште за изградба на хотели во Скопје, овие не ги исполниле обврските од договорите, а тој не ги раскинал договорите и не го вратил назад во владение земјиштето кај државата. Со тоа, Јанакиески со помош на поранешни функционери и вработени во Министерството за транспорт и врски, од Катастар, но и со помош на нотар и поранешен заменик – државен правобранител, ја оштетиле државата за 2,64 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира