31-ГОДИШЕН ПРОФЕСИОНAЛЕН ВОЈНИК УБИЕН ВО БАНАЛНА ПРИВАТНА КАВГА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД

    31-ГОДИШЕН ПРОФЕСИОНAЛЕН ВОЈНИК УБИЕН ВО БАНАЛНА ПРИВАТНА КАВГА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД

    Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „ Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти Обвинтелствотп.

    Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка.

    Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа.

    Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира