Во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови случаи на коронавирус, соопштија од Институтот за јавно здравје. Од нив, 26 се од Скопје, 9 од Тетово, 7 од Штип, 6 од Куманово, 2 од Струга и по еден од Велес и Кочани.
Институтот за јавно здравје соопшти и за четворица починати од коронавирус, и тоа двајца од Скопје и по еден од Тетово и Велес.
Досега, вкупно во земјава се направени 27.684 тестови, а позитивни биле тестовите кај 2.129 лица.