На референдумот за името, „за“ гласале 600.405 граѓани од излезени 657.045, што е 91,38%, според неофицијалните првични резултати на Државната изборна комисија по 97,89% од процесирани избирачки места.
„Против“ гласови има 36.956 или 5,62%.
Излезноста по процесирани 3.439 избирачки места од вкупно 3.513 е 36,86%.