ДО 9 ЈАНУАРИ ИВАНОВ МОРА ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДО 9 ЈАНУАРИ ИВАНОВ МОРА ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА

    До 9 јануари претседателот Ѓорге Иванов треба да му го додели мандатот на кандидатот на партија или на партии коj ќе успее да собере 61 потпис дека има мнозинство да формира влада.

    По конституирањето на новото Собрание, односно верифицирањеto  на мандатите на сите 120 избрани пратеници, се исполни законскиот услов да почне да тече рокот за формирање влада.

    Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

    Мандатарот во рок од 20 дена до Собранието поднесува програма и го предлага составот на Владата. Откако тоа ќе го направи, Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако во тој период мандатарот не успее да состави влада, тогаш се повторува целата постапка со друг мандатар.

    На предвремените парламентарни избори на 11 декември коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, СДСМ во коалиција со граѓански активисти освои 49 мандати, ДУИ – 10, Движењето Беса – 5, Алијансата за Албанците – 3 и ДПА – две пратенички места.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира