ДЕВЕТ ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ОД НИВ ЕДЕН УМРЕЛ ВО БРЗА ПОМОШ ОТКАКО СЕМЕЈСТВОТО БАРАЛО ДА БИДЕ ИСПИШАН ОД БОЛНИЦА

    ДЕВЕТ ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ОД НИВ ЕДЕН УМРЕЛ ВО БРЗА ПОМОШ ОТКАКО СЕМЕЈСТВОТО БАРАЛО ДА БИДЕ ИСПИШАН ОД БОЛНИЦАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. (Фото: К. Попов)

    Девет лица починаа во последните 24 часа по компликации од коронавирус, од кои еден 64 годишен скопјанец починал во кола, откако семејството побарало да биде испишан од болница, соопшти Министерството за здравство.

    Направени се  665 тестирања и регистрирани се 90 нови случаи на КОВИД-19.

    Од нив најмногу се во Скопје – 36, Куманово -2, Штип -8, Тетово -4, Струга -10, Велес -2, Битола -2, Охрид -13, Гостивар -1, Крушево -1, Кочани-2, Пробиштип -1, Свети Николе-2, Ресен-6.

    Починати се петмина од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90 години), хоспитализиран на 15 јуни.

    На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).

    Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа тројца – пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање и со потпис од семејството од оваа болница бил испишан пациент од Скопје (64г), транспортиран до својот дом со возило на брза помош, починал по пристигнување. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.

    Во болницата во Тетово починати се две лица – пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни.

    Во Општата болница Охрид вчера починал пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 48 оздравени пациенти. Најмногу се од Штип -30.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, а во детската болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на КОВИД-19.

    До утрово, во ГОБ „8 Септември“ во Скопје се примени 12 нови, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти.

    Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани има 5.196, оздравени се 1.974, починати се 247, а активни случаи има 2.975.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 2534, активни 1721
    • Куманово 694, активни 241
    • Дебар 82, активни 30
    • Штип 275, активни 188
    • Прилеп 231, активни 18
    • Тетово 538, активни 326
    • Струга 180, активни 100
    • Велес 167, активни 33
    • Битола 42, активни 13
    • Охрид 112, активни 92
    • Кавадарци 11, активни 6
    • Гостивар 83, активни 50
    • Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 10, активни 6
    • Крива Паланка 11, активни 5
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 6, активни 3
    • Кочани 61, активни 27
    • Пробиштип 13, активни 10
    • Демир Хисар 1, активни 0
    • Македонски Брод 3, активни 1
    • Пехчево 5, активни 2
    • Берово 2, активни 1
    • Валандово 6, активни 4
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 2
    • Свети Николе 16, активни 14
    • Кичево 8, активни 5
    • Ресен 65, активни 64
    • Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 394
    • Аеродром – 135
    • Бутел – 144
    • Гази Баба – 156
    • Центар – 137
    • Карпош – 116
    • Сарај – 137
    • Кисела Вода – 98
    • Ѓорче Петров – 83
    • Студеничани – 86
    • Шуто Оризари – 73
    • Арачиново – 55
    • Илинден – 31
    • Петровец – 14
    • Чучер Сандево – 16
    • Сопиште – 13
    • Зелениково-2
    • Странец – 4
    • Нераспределен-4

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира