АДМИНИСТРАЦИЈАТА НАМЕСТО ЗА ГРАЃАНИТЕ РАБОТИ ЗА ПАРТИИТЕ, ОБВИНИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    АДМИНИСТРАЦИЈАТА НАМЕСТО ЗА ГРАЃАНИТЕ РАБОТИ ЗА ПАРТИИТЕ, ОБВИНИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛПравобранителот забележал недостатоци на пензискиот систем со штетни последици по осигурениците - градежни работници на објект во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Администрацијата наместо во полза на граѓаните работи во полза на партиите, изјави денеска Народниот правобранител Иџет Мемети претставувајќи го годишниот извештај за неговото работење.

    „Групните вработувања, било по етничка било по партиска основа, е проект со кој се врши груба манипулација на граѓаните. Без конкретна анализа на потребите на администрацијата нема да можеме да зборуваме за квалитетен административен систем, а крајно разочарувачка е констатацијата дека администрацијата, наместо во полза на граѓаните, работи во полза на партиите. Загрижувачки се појавите кога институциите спроведуваат партиски агенди“, рече Мемети.

    Тој обвини дека има институции кои не  ја разбираат улогата на Народниот правобранител, па и покрај законската обврска едноставно не соработуваат, а некои и грубо ја попречуваат работата.

    „Групните вработувања, било по етничка било по партиска основа, е проект со кој се врши груба манипулација на граѓаните – Иџет Мемети на претставувањето на Извештајот за состојбата со човековите права

     

    „Поради попречувањата во работата од страна на Министерствата за труд и социјална политика, за здравство, за правда, за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Управата за јавни приходи и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Народниот правобранител не успеа да спроведе целосни постапки за заштита на правата на граѓаните“, изјави Омбудсманот Иџет Мемети.

    Тој рече дека во Извештајот за состојбите со човековите слободи и права во 2016 година не се констатирани позитивни промени, туку напротив, стагнација, а во некои области и назадување, што се потврдува и со зголемениот број на констатирани повреди на човековите слободи и права.

    „Имавме и се уште имаме крајно исполитизирани и нефункционални институции, а некои од нив спроведуваа и партиски агенди, полициско непрофесионално и брутално постапување, прекумерна употреба на сила на затворската полиција спрема осудени лица и отсуство на системска здравствена заштита во казнено поправните установи, недостатоци на пензискиот систем со штетни последици по осигурениците, необезбедени средства за исплата на права од социјална заштита, повреда на правото на вработување на лицата со попреченост, незаконско депортирање на бегалците, противзаконско утврдување и наплата на радиодифузната такса и вода, противзаконско оданочување на граѓани, како и непрофесионалност во работата на изборните органи“, го претстави денеска Народниот правобранител Извештајот за 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира