АДМИНИСТРАЦИЈАТА СПРОВЕДУВА ПАРТИСКА ПРОГРАМА, МЕСТО ДА ГИ СЕРВИСИРА ГРАЃАНИТЕ, ОБВИНИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АДМИНИСТРАЦИЈАТА СПРОВЕДУВА ПАРТИСКА ПРОГРАМА, МЕСТО ДА ГИ СЕРВИСИРА ГРАЃАНИТЕ, ОБВИНИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ

    Судовите не ги штитат човековите права и слободи, медиумите не се слободни, слободата на говор според сите меѓународни извештаи е загрозена во Македонија, администрацијата, место сервис на граѓаните, е сервис на политичките партии, сега пред изборите Државната изборна комисија не функционира во целост во служба на граѓаните, во затворите три години нема лекар по 16 часот, поради што се редат смртни случаи… Ова беше заклучено на денешната дебата за состојбата на човековите права и слободи организирана од Институтот за човекови права, по повод Меѓународниот ден на човековите права, на која секој од свој аспект зборуваа: судијката Маргарита Цаца-Николовска, претседател на Институтот, Народниот правобранител Иџет Мемети, новинарката на Утрински весник Гордана Дувњак, поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, адвокатот Филип Медарски и други учесници.

    „Со обелоденувањето на аферата за прислушувањето под сомнение се стави функционирањето на целиот систем, на институциите, а особено на безбедносниот систем кој требаше да ни обезбеди мир, спокојство и безбедност. Има страшно лоша комуникација меѓу институциите, што директно влијае врз кршењето на правата и слободите на граѓаните. Администрацијата спровесува партиска програма, место да ги сервисира граѓаните. Народниот правобранител и другите институции и организации во Македонија сме немоќни да сториме нешто, поради игнорантскиот одност на власта“, рече Омбудсманот  Мемети.

    Доказ за тоа дека ни ДИК не функционира во служба на граѓаните и нивното избирачко право, рече Мемети, е што пред некој ден обвинител дошол кај него за да се пожали за неговата ќерка, која денес ја има, како што рече во Избирачкиот список, а утре ја нема. Тоа, според него, е така затоа што МВР треба да биде сервис на ДИК, а во пракса или не е, или е обратно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира