АДВОКАТОТ НА ИЗБЕГАНИТЕ ВО ГРЦИЈА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ЧУВА ДЕЦА, ЦЕЛА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НЕ МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    АДВОКАТОТ НА ИЗБЕГАНИТЕ ВО ГРЦИЈА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ЧУВА ДЕЦА, ЦЕЛА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НЕ МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕСудијката Џенета Бегтовиќ кажа дека ако за следното рочиште адвокатот не најде замена за чување на децата, а Грујевски и Бошковски не си назначат друг бранител, судот ќе им постави адвокат по службена должност. - Обвинетиот Сашо Мијалков на преходно рочиште (Фото: СДК.МК)

    „Тврдина-Таргет“, најважниот предмет за противзаконското прислушување на стотици граѓани од страна на УБК во времето кога обвинетиот Сашо Мијалков беше директор, ни денес не можеше да продолжи, зашто Петар Василев, адвокатот на избеганите обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски користи владина мерка во вонредната состојба.

    Василев го известил судот дека пак е спречен да присуствува на денешното рочиште, зашто мора да ги чува децата кои биле до 10 години.

    Судијката Џенета Бегтовиќ го задолжи во рок од 3 дена да го извести судот дали ќе може да дојде на следното судење на 3 јули. Побара од Василев да донесе документ каде работи неговата сопруга, дали е спречена таа да ги чува децата, на која возраст се тие, за да се утврди дали станува збор за злоупотреба со цел да се одолговлекува уште повеќе ова судење, почнато уште од 2018 година и заглавено е уште на сведоците на обвинителството, со кои почнува секоја постапка.

    Бегтовиќ кажа дека ако за следното рочиште адвокатот не најде замена за чување на децата, а Грујевски и Бошковски не си назначат друг бранител, судот ќе им постави адвокат по службена должност.

    Во „Тврдина-Таргет“, покрај двајцата избегани, обвинети се и Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Надица Николиќ и други вработени во УБК кои го вршеле прислушувањето од 2009 до 2015 година.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари