Добивме многу забелешки за Нацрт-концепцијата за гимназиско образование, сите ги внесуваме. Првично од тоа што е побарано, гледаме дека ако ги исполниме сите барања, децата ќе имаат предмети за да останат на училиште по 10, 11 часа, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
По реакциите од катедри и институти, главно од Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, дека со концепцијата се редуцираат содржини од некои предмети од општествените науки, како Етика и Логика, Јаневска денеска рече дека уште еднаш повторува дека тоа е драфт-верзија, ставена во првиот момент на електронска јавна расправа.
„Јас ги повикувам сите кои сакаат да се вклучат во креирање на нова концепција да се вклучат. Никаде не брзаме. Имаме една година време за да ја донесеме концепцијата. Уште еднаш ги повикувам СДСМ и сите други партии партии да се вклучат во креирање на концепцијата. Наставните планови, наставните програми секако ќе бидат модернизирани и сакале или не сакале да се вклучат, подобро образование во Македонија ќе има затоа што нашите деца тоа го заслужуваат. Како МОН ќе ги посетиме, ќе ги слушнеме, ќе разговараме, но не е нешто што е дефинитвно одлучено. Не го разбирам револтот, очекував предлози, наставни програми, планови, но разбирам, минатото нѐследи сите нас, продолжуваме цела година да дискутираме на концепцијата“, кажа Јаневска и повтори дека не е е точно оти предметите Филозофија и Логика се исклучени од гимназиското образование.
- СО УКИНУВАЊЕ ЕТИКА И ЛОГИКА НЕМА ДА СЕ СПРЕЧИ КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ КАЈ ДЕЦАТА, ТОА СЕ РАЗВИВА СО МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА НА СЕДНИЦАТА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА
- КОНЦЕПЦИЈАТА ЗА ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ СЀ УШТЕ Е НА ЈАВНА РАСПРАВА, НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЌЕ СЕ УКИНАТ ФИЛОЗОФИЈА И ЛОГИКА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА
Б. НЕСТОРОСКА