АКО ИВАНОВ ПОБРЗА СО МАНДАТОТ, УШТЕ ГОДИНАВА ЌЕ НЕМА ЕКСТЕРНО

    АКО ИВАНОВ ПОБРЗА СО МАНДАТОТ, УШТЕ ГОДИНАВА ЌЕ НЕМА ЕКСТЕРНОЛидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека неделава ќе оди кај претседателот Ѓорге Иванов за да му ги даде гаранциите што ги бараше за да го додели мандатот. - Заев на 27 февруари му го предаде ковертот со 67 потписи од пратеници на Иванов по што тој одби да му даде мандат за состав на Влада и кризата ескалираше. (Фото: СДК.МК)

    Ако СДСМ формира влада за една недела, тогаш учениците нема да полагаат екстерно тестирање во јуни, a брзината на формирање влада зависи од тоа кога претседателот Ѓорге Иванов ќе му го додели мандатот на парламентарното мнозинство, ако воопшто го даде. Се уште има дилеми од кога почнува да тече рокот од десет дена за доделување мандат, бидејќи Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието беше објавена утринава во „Службен весник“, а во неа пишува дека стапува во сила на денот на донесувањето, а тоа е 2 мај. Ако не биде формирана влада за една недела, мали се шансите тестирањето да биде укинато оваа година или пак да биде ставено во мирување,

    За да се укине екстерното тестирање, што годинава е закажано да се полага од 5 до 9 јуни, треба да се сменат Законите за основно и за средно образование, како и Законот за наставници. Владата треба да донесе нови измени и да му ги предложи на Собранието. Откако Собранието ќе ги усвои измените, новите законски решенија треба да бидат објавени во Службен весник за да стапат во сила.

    „Измените на законите се веќе направени и ќе бидат ставени на првата седница на Собрание“, вели Петар Атанасов од СДСМ. “Доколку не се успее да се формира влада за една недела, тогаш ќе гледаме да се донесе некое поинакво решение, на пример екстерното тестирање да се стави во мирување со одлука на владата. Укинувањето на екстерното тестирање е политичко решение на нашата партија и верувам дека ќе успееме да го спроведеме како одлука“, смета Атанасов.

    Тој се уште не знае дали укинувањето може да биде ретроактивно, што би значело поништување на сите оцени што учениците ги добија во свидетелствата изминатите години. Од минатата година, оценките од екстерното тестирање не влегуваат во крајниот успех на учениците.
    Од Министерството за образование велат дека укинувањето на екстерното мора да се направи со законски измени и во никој случај не може да се укине само со одлука на влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира