По уставните судии Ана Павловска-Данева, Осман Кадриу, Јадранка Дабовиќ и Фатмир Скендер, на денешната седница и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кажа дека измените на Кривичниот законик со кои преку ноќ се запреа кривичните гонења за корупција, направија несогледливи последици на нашиот правен систем.
„Тие направија непоправлива штета на нашиот правен поредок и невиден упад во судскиот систем”, не штедеше зборови ни Костадиновски.
Засега остана осамена само судијата-известителка Елизабета Дуковска, која смета дека Уставниот суд не треба да поведе постапка против измените на Кривичниот законик со кои се застареа коруптивните дела на поранешни високи функционери, обвинети доминантно од поранешното СЈО.
По него зборуваше судијката Добрила Кацарска, која кажа дека прва дала изјава оти овие измени донесени преку ноќ направија непоправлива штета во нашиот правен систем, но како граѓанин, а не како претседателка на Уставниот суд.
Таа смета дека Уставниот суд не е надлежен да решава дали требало да биде носен со европско знаменце или не, да решава за казнената политика кога за тоа е надлежно Собранието.
Но, и судијката Тања Васиќ- Бозаџиева е да се поведе постапка против измените кои владата на Димитар Ковачевски ги предложи на почетокот на септември 2023 година, а Собранието ги изгласа набрзина на 6 септември таа година. Со тоа, се чини обезбедено е мнозинство да се гласа за поведување на постапка за оцена на уставноста на овие законски измени, за кои Македонија претрпе остри критики од Европската комисија.
Васиќ-Бозаџиева рече:
„За да не останат нашите зборови празни зборови, ако одлучиме да поведеме постапка, да ги поништиме овие штетни измени на Кривичниот законик”.
Ако Уставниот суд одлучи да се укинат измените, тогаш тргнатите одредби само ќе се вратат во Кривичниот законик и сè ќе биде по старо, но отсега натаму. Бетонирано си е амнестирањето на функционерите, обвинети од поранешното СЈО.
Но, уставните судии денеска прво треба да гласаат дали ќе поведе постапка или не.
С. К. ДЕЛЕВСКА