АКЦИЈА НА МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НИЗ ЗЕМЈАТА ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА КРИМИНАЛ СО ЛАЖНИ ДИЈАГНОЗИ

    АКЦИЈА НА МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НИЗ ЗЕМЈАТА ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА КРИМИНАЛ СО ЛАЖНИ ДИЈАГНОЗИИстрагата се однесува на сомневања за долгогодишни незаконски активности поврзани со издавање лажни дијагнози. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), спроведува опсежна акција на повеќе локации низ Македонија.

    Од МВР велат дека акцијата е поради основано сомнение за сторени кривични дела со кои е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување.

    „Со оглед на обемот на акцијата, повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, соопштија кусо од МВР.

    Неофицијално, истрагата се однесува на сомневања за долгогодишни незаконски активности поврзани со издавање лажни дијагнози. Се претпоставува дека овие лажни дијагнози биле користени за неосновано аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега, како и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии, со што директно бил оштетен буџетот на Фондот за здравство.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира