АЛАТКА „ЛОКАЛЕН ИЗБОР“ ЗА ПРОВЕРКА НА ПАРТИСКИТЕ ПРОГРАМИ

    АЛАТКА „ЛОКАЛЕН ИЗБОР“ ЗА ПРОВЕРКА НА ПАРТИСКИТЕ ПРОГРАМИАлатката „Локален избор“, е достапна на македонски и албански јазик на www.lokalenizbor.mk од почетокот на изборната кампања до денот на локалните избори.-(Фото: СДК.МК)

    Институтот за истражување „Импакт“ изработи бесплатната онлајн алатка „Локален избор“која што им овозможува на гласачите да ги споредат своите позиции со позициите на кандидатите и партиите кои ќе учествуваат на престојните локални избори.
    Граѓаните можат да одговорат на серија од 20 важни прашања групирани во осум тематски области и тоа: урбанизам и комунални работи, заштита на животната средина,безбедност, транспарентност и учество на граѓаните, децентрализација, економски развој, социјална грижа и еднакви можности.

    Алатката „Локален избор“, е достапна на македонски и албански јазик на www.lokalenizbor.mk од почетокот на изборната кампања до денот на локалните избори.
    Од „Импакт“ велат дека алатката не им кажува на граѓаните за која партија или кандидат да гласаат, туку едноставно им покажува каде се поставени нивните лични ставови на политичката сцена и согласно тоа, кои кандидати им се блиски, а кои далечни во однос на политичките ставови.

    Во фокусот на алатката се општините Аеродром, Чаир, Струга, Струмица и Росоман.

    Проектот „Локален избор“ е  финансиски поддржан од холандската амбасада во Република Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира