Двајца активисти на Шарената револуција по завршувањето на протестот беа приведени од полициската единица „Алфа“ на паркингот пред Шпанската амбасада во центарот на Скопје, јавуваат репортерите на СДК.МК. Акцијата беше изведена спектакуларно со десетина припадници на полицијата и неколку возила пред очите на минувачите околу 21.30 часот. Некои од минувачите бурно реагираа на приведувањето. Беше блокирана и крстосницата кај Тифани.
Станува збор за момче и девојка, истакнати граѓански активисти кои на денешниот протест го шараа Министерството за правда и имаа вербална расправија со полицајците.
Двајта беа однесени со полициско комбе.