„АЛКАЛОИД“ МУ ДОДЕЛИ 4-ГОДИШНА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДИИ НА 19-ГОДИШНИОТ ЈОВАН КОСТАДИНОВ КОЈ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА СПАСИ 21 ЛИЦЕ

    „АЛКАЛОИД“ МУ ДОДЕЛИ 4-ГОДИШНА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДИИ НА 19-ГОДИШНИОТ ЈОВАН КОСТАДИНОВ КОЈ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА СПАСИ 21 ЛИЦЕЈован во наредните четири години ќе добива стипенција за студии од „Алкалоид“ во висина од 18.000 денари месечно.(Фото: Принтскрин од видео)

    Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на 19-годишниот средношколец Јован Костадинов од Виница, кој во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ спаси 21 лице. Јован во наредните четири години ќе добива стипенција за студии од „Алкалоид“ во висина од 18.000 денари месечно.

    Јован е матурант, во средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница.Тој при пожарот во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени, ставил мокра маица на уста и нос и влегол во дискотеката за да ги спасува младите луѓе.

    Алкалоид“ вчера соопшти дека донира 15 милиони денари (250.000 евра) за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства во трагедија во Кочани. Парите се уплатени во фондот на Црвениот крст. 

    „Сакаме да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија. Алкалоид АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка“, велат од „Алкалоид“.

    Во фондот на Црвениот крст за помош на настраданите во пожарот во кочанската дискотека досега се донирани 1,4 милиони денари. На 5 март, Црвениот крст соопшти дека изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство. Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од земјава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира