„АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВ МАГАЦИН ЗА ФАРМАЦЕВТСКИ СУРОВИНИ КОЈ ЧИНИ  1,3 МИЛИОНИ ЕВРА

    „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВ МАГАЦИН ЗА ФАРМАЦЕВТСКИ СУРОВИНИ КОЈ ЧИНИ  1,3 МИЛИОНИ ЕВРАНовиот објект се простира на површина од вкупно 1.620 метри. (Фото: Алкалоид)

    Компанијата „Алкалоид“ отвори нов магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, соопшти компанијата.

    Изградбата траеше 15 месеци, а овој проект е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза. Оваа најнова инвестиција на компанијата чини 1,3 милиони евра.

    Магацински простор претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописи за чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет. Новиот објект се простира на површина од вкупно 1.620 метри квадратни и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини, подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага; административни простории и технички кат.

    За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосно приспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацин со производствените објекти.

    „Со реализацијата на оваа инвестиција во ПЦ Фармација, целосно е осигурено најсовремено управување со суровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници. Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт“, велат од „Алкалоид“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира