АЛКАЛОИД ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    АЛКАЛОИД ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРАТрите инвестициски проекти беа пуштени во употреба во присуство на претставници на менаџментот на „Алкалоид АД Скопје“. - Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“ Живко Мукаетов

    „Алкалоид АД Скопје“ официјално предаде во употреба три инвестициски проекти: Погон за производство на полу-цврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории); Централна Вагална 2 и Одделение за пакување на цврсти фармацевтски форми, соопшти фармацевтската компанија. Новите производни одделенија се простираат на површина од 1.000 метри квадратни, а вредноста на оваа нова инвестиција на „Алкалоид АД Скопје“ изнесува над 2,5 милиони евра. При изведбата на сите овие проекти, имплементирани се најсовремените стандарди за Добра Производна Пракса.

    На пуштањето во употреба на новите инвестициски проекти, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“ Живко Мукаетов изјави:

    „Присуството на компанијата на пазарите во над 30 земји во светот и постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи, налага внимателно следење на трендовите од областа на здравството и фармацијата и нивно имплементирање во секојдневното работење. За таа цел, инвестициите во нови капацитети, технологија, знаење и кадар ќе продолжат да бидат императив во нашите секојдневни операции. Хуманата програмско производна определба насочена првенствено кон крајните корисници е начелото според кое се водиме и ќе продолжиме да се водиме во секојдневните операции, при тоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап кои ги практикуваме и спроведуваме во севкупното нашето работење“.

    Инвестициските активности во нови производни капацитети во рамки на профитниот центар Фармација се реализирани во рамки на годишниот план за капитални вложувања за 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира