АМБАСАДАТА НА САД ОЧЕКУВА ДА РАБОТИ СО НОВАТА ВЛАДА НА ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АМБАСАДАТА НА САД ОЧЕКУВА ДА РАБОТИ СО НОВАТА ВЛАДА НА ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

    Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија го набљудува процесот на формирање на нова влада и очекува, откако ќе биде формирана, да соработува со неа, во контекст на напредокот на земјата во евроатлантските интеграции, велат од Амбасадата.

    „Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите предвидени со Договорот од Пржино, особено во однос на владеење на правото“, велат од Амбасадата на САД во земјава, по истекот на рокот од 20 дена, во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кому му беше доверен мандатот, не успеа да состави владина коалиција.

    Од американската амбасада додаваат дека во овие напори остануваат партнер на Македонија.

    Претходно, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, на прес конференција рече дека Европската Унија очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, „да изврши итна и отворена консултација“ со политичките партии во земјата и „бргу да определи лидер за формирање влада“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира