Американската војска прв пат самостојно ќе има вежбовни активности на воениот полигон Криволак, откако Владата одлучи да дозволи мирољубив влез на вооружените сили на САД на синоќешната седница. Како што соопштија од Владата, ова е добар сигнал и за аспирациите на Македонија за влез во НАТО.
„Владата одлучи да дозволи мирољубив влез на вооружени сили од САД, за вежбовни активности на Криволак. Станува збор за прва ваква вежба во Македонија и можност нашата држава да покаже логистичка подготвеност за одржување и други вакви регионални вежби во иднина што се оценува дека е добар сигнал и во рамки на НАТО аспирациите на Македонија“, се вели во соопштението на Владата.