АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА

    АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈАВозила на Армијата на САД во Европа влегуваат во Македонија на граничниот премин „Деве Баир“ за заедничката воена вежба со АРМ „Драгун гардијан 17“. (Фото: СДК.МК)

    Шесте конвои по 20 возила и војниците на Армијата на САД преку граничниот премин „Деве Баир” на бугарско-македонската граница пред малку почнаа да влегуваат во Македонија. Американските војници, заедно со припадници на АРМ, ќе учествуваат на меѓународната вежба „Драгун Гардијан 17”, во рамките на билатералната соработка помеѓу Армијата на САД во Европа и Министерството за одбрана и македонската Армија. Вежбата започнува денеска и ќе трае до 10 август.

    Предвидени се и активности за дружење на припадниците на армиите на САД и Република Македонија со населението од 6 градови во земјава. На плоштадите во Куманово, Скопје, Штип, Велес, Струга и во Струмица војниците на локалното население ќе им ја презентираат опремата, ќе има фитнес сесии и ќе се организираат натпревари за деца.

    На воениот полигон Криволак , покрај израбтока на патека за полетување и слетување за дронови, војниците на САД и припадниците на АРМ, ќе вежбаат и пронаоѓање импровизирани експлозивни направи, ќе се врши обука за заштита од атомско, биолошко и хемиско оружје.
    На вежбата ќе учествуваат 300 припадници на воените сили на САД и 95 припадници на Армијата на РМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира