АМЕРИКАНСКИ И ГРЧКИ БОРБЕНИ АВИОНИ ПРЕЛЕТАА НАД СКОПЈЕ ВО ЧЕСТ НА ПРИЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

    АМЕРИКАНСКИ И ГРЧКИ БОРБЕНИ АВИОНИ ПРЕЛЕТАА НАД СКОПЈЕ ВО ЧЕСТ НА ПРИЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТОАмериканските авиони „Б1“ вчера полетаа од Јужна Дакота и летаа 30 часови до Македонија (Фото: К. Попов)

    Два американски и четири грчки борбени авиони претпладнево прелетаа над Скопје за да ѝ посакаат на Македонија добредојде во полноправно членство на НАТО.

    Авионите дојдоа од правецот на скопскиот аеродром и летаа по течението на Вардар на височина од 1.500 метри.

    Американските авиони „Б1“ вчера полетаа од Јужна Дакота и по непрекинат 30-часовен лет стигнаа до Македонија, при што горивото им се долевало во воздух. Грчките авиони беа од типот „Ф16“.

    „Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека и по влезот во Алијансата, САД остануваат наш силен сојузник и стратешки партнер“, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

    Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз рече дека овој прелет е израз на трајната поддршка на САД за Северна Македонија и гест за добредојде како 30. членка на НАТО.

    „Иако нашата заедничка борба против коронавирусот превладува во медиумите во изминатиот период, тоа не треба да спречи да го видиме историското достигнување на земјава – членството во НАТО и добивање на зелено светло за старт на пристапните преговори со ЕУ“, рече Брнз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира