АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ПИСТА НА КРИВОЛАК

    АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ПИСТА НА КРИВОЛАКНа вежбата во Криволак ќе учествуваат 300 припадници на воените сили на САД и 95 припадници на АРМ.- Американски и македонски војници на вежба (Фото: АРМ/архивска фотографија)

    Патека за полетување и слетување ќе прават американски војници на полигонот Криволак во рамките на билатералната меѓународна вежба “Драгун Гардијан 17”. Вежбата која што ќе трае 10 дена е резулат на билатералната соработка помеѓу Армијата на САД во Европа и Министерството за одбрана и Армијата на РМ.

    В петок со 6 конвои по 20 возила војниците на армијата на САД преку граничниот премин “Деве Баир” ќе пристигнат во земјава. На воениот полигон Криволак, покрај израбтока на патека за полетување и слетување за дронови, војниците на САД и припадниците на АРМ, ќе вежбаат и пронаоѓање импровизирани експлозивни направи, ќе се врши обука за заштита од атомско, биолошко и хемиско оружје.

    Предвидени се и активности за дружење на припадниците на армиите на САД и Република Македонија со населението од 6 градови во земјава. На плоштадите во Куманово, Скопје, Штип, Велес, Струга и во Струмица војниците на локалното население ќе ги презентираат опремата и моторните возила, а ќе се одржат и фудбалски натпревари, како и фитнес час .

    На вежбата ќе учествуваат 300 припадници на воените сили на САД и 95 припадници на Армијата на РМ.
    „Вежбата е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженериските и АБХО единици во составот на АРМ, како и унапредување на взаемното разбирање и доверба меѓу Армијата на Република Македонија и вооружените сили на САД“, велат од Генералштабот на Армијата на РМ.

    Пред еден месец, кога беше потврдено одржувањето на вежбата, од Амбасадата на САД во Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека заедничката вежба на Американската армија во Европа и Армијата на Република Македонија во Криволак претставува демонстрација на посветеноста на САД на нивните партнери и сојузници. Вежбата во Криволак е дел од годинашната вежба „Сејбр Гардијан 17“, на која што ќе учествуваат над 25 илјади војници од 30 сојузници и партнерски нации, вклучувајќи 70 претставници на АРМ.

    „Заедничката вежба на Американската армија во Европа и Армијата на Република Македонија во Криволак е дел од многу поголемата годишна мултинационална вежба наречена „Сејбр Гардијан“, предводена од Американската армија во Европа. Во „Сејбр Гардијан 17“ ќе учествуваат над 25 илјади војници од 30 сојузници и партнерски нации, вклучувајќи 70 претставници на АРМ. Ова е вежба што се одржува секоја година и традиционално ротираат Бугарија, Романија и Украина. Ова е долготрајна демонстрација на посветеноста на САД на нашите партнери и сојузници“, велат од Американската амбасада во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира