АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ОБСЕ НА ПОПОСКИ МУ ЈА ПОВТОРИЈА РАЗОЧАРАНОСТА ОД ИВАНОВ

    АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ОБСЕ НА ПОПОСКИ МУ ЈА ПОВТОРИЈА РАЗОЧАРАНОСТА ОД ИВАНОВКако стратегиски партнер и пријател на Македонија, и со целосна почит кон нејзината сувереност и унитарност, САД го повикува Иванов да ја преиспита одлуката, му порача американската амбасадорка во ОБСЕ Кејт Брнс на министерот за надворешни работи Никола Попоски (Фото: СДК.МК)

    Американската амбасадорка во ОБСЕ Кејт Брнс денеска му повтори на министерот за надворешни работи Никола Попоски дека САД се разочарани од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот за формирање влада на новото парламентарно мнозинство. Како и на 9 март, Брнс го повика Иванов да ја преиспита својата одлука да не го даде мандатот на мнозинството во Собранието, а од соседните држави побара да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во политичката криза во одговорот до Попоски, кој е во Виена на средба на Постојаниот совет на ОБСЕ.

    „САД остануваат разочарани што претседателот Иванов одби да им понуди можност да се формира нова влада на пратениците кои имаат јасно мнозинство. Ние продолжуваме да веруваме дека овој потег не е во согласност со обврските кон ОБСЕ, основните демократски принципи и владеењето на правото. Како стратегиски партнер и пријател на Македонија, и со целосна почит кон нејзината сувереност и унитарност, САД го повикува Иванов да ја преиспита одлуката“, изјави Брнс.

    САД уште еднаш ги повика Владата, политичките лидери и политичките партии да се воздржат од напади на организациите на граѓанското општество и да помогнат да се обезбедат услови и поддршка за независни гласови и институциите да ја вршат нивната работа и да избегнат реторика којашто може да ги зголеми тензиите, а од соседите на Македонија побара да се воздржат и да бидат контруктивни за време на зголемената политичка чувствителност во земјата.

    „САД продолжува да ги повикува сите партии да ги стават интересите на Македонија и нејзините граѓани над се, да работат заедно конструктивно и целосно да ги имплементираат нивните обврски што произлегуваат од Договорот од Пржино. Решението на актуелната политичка криза може да дојде само низ почитување на македонските закони и меѓународни обврски и почитување на волјата на луѓето изразена слободно низ демократските процеси, вклучувајќи ги резултатите на изборите од декември 2016 година и во духот на инклузија и меѓуетничка соработка“, вели Брнс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира