Антикорупциската комисија ќе испитува како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во време додека бил директор на државната ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевски добил под концесија државно земјиште од 33.000 м2 и концесија за користење води како сопственик на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“. Оваа фирма на Мицкоски, како основач, и на Димитар Димоски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за транспорт и врски ги изградила хидроцентралите, кои и денеска работат и се во нивна сопственост.
Антикорупционерите денеска едногласно одлучија да отворат постапка за влијание и за злоупотреби, но истовремено и постапка за тоа дали Мицкоски можел да биде во исто време директор на ЕЛЕМ и да го советува Груевски за енергетика. Постојат високи индиции за судир на интереси и злоупотреби, констатираше Комисијата на денешната седница и најави дека овие два предмета ќе бидат споени во еден.
С. К. ДЕЛЕВСКА