АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПОСТАПКИ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ДЕТСКАТА КАРДИОХИРУГИЈА СО ЖАН МИТРЕВ И ЗА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

    АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПОСТАПКИ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ДЕТСКАТА КАРДИОХИРУГИЈА СО ЖАН МИТРЕВ И ЗА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦААнтикорупционерите ќе испитуваат дали се зголемени и цените што Фондот за здравство ги исплаќал на болницата. - Од денешната седница на Антикорупциската комисија (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија одлучи да отвори постапка по допрен глас за приватната болница на Жан Митрев, дали постапката за доделување лиценца за детска кардиохирургија е согласно Законот за здравствена заштита по отказот на докторот Владимир Чадиковски.

    Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска рече дека со постапката, освен за лиценцата за извршување на дејноста за болницата, ќе утврдуваат и дали постои можност за еднострано раскинување на договорот со болницата.

    „Со оглед на тоа дека болницата ја напушти единствениот детски кардиохирург, отвораме постапка дали лиценцата за детска кардиохирургија е доделена според закон и дали постои можност за еднострано раскинување на договорот, со оглед на изјавата од Министерството за здравство дека дејноста ќе продолжи со лекари од странство“, рече Ивановска.

    Членот на комисијата Горан Трпеноски додаде дека ќе испитуваат дали се зголемени и цените што Фондот за здравство ги исплаќал на болницата.

    Трпеноски предложи комисијата да отвори постапка по сопствена иницијатива и за болницата во Прилеп за вработувањата за време на изборите, за кои претходно објави и опозицијата.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира