АНТИКОРУПЦИСКА СЕ ФАТИ ЗА ИВАНОВ И НЕГОВИТЕ АРМИСКИ УНАПРЕДУВАЊА

    АНТИКОРУПЦИСКА СЕ ФАТИ ЗА ИВАНОВ И НЕГОВИТЕ АРМИСКИ УНАПРЕДУВАЊАПретседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска рече дека ја отвораат постапката, бидејќи унапредувањата и именувањата се направени во изборен период. - Иванов во посета на касарната во Кичево на 1 јануари (Фото: Претседател.мк)

    Антикорупциската комисија отвори постапка за армиски унапредувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

    Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска рече дека ја отвораат постапката, бидејќи унапредувањата и именувањата се направени во изборен период што е забрането според Изборниот законик.

    „Ќе доставиме барање до претседателот Ѓорге Иванов да ни биде доставена целата документација, за да постапиме по предметот” рече Ивановска.

    На денешната четврта седница на комисијата беше кажано дека 28 декани на факултети немаат поднесено анкетни листови до Антикорупциската комисија поради што ќе биде покрената прекршочна постапка.

    Од Антикорупциската комисија побара сите именувани раководни лица да достават до нив анкетни листови бидејќи сегашниот регистар не е доволно ажуриран.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира